Девојче родено во 2005 година поладнево се удавило во општина Илинден, во ископ исполнет со вода каде што се градел објект.
Трагедијата се случила на улица бр. 2 во месноста Бигла во населбата Илинден. Случајот бил пријавен во 14 часот и 40 минути.
Екипа на противпожарната единица на Град Скопје се упатила кон градилиштето, но во меѓувреме жителите го извадиле телото на девојчето кое, најверојатно при игра, паднало во водата и се удавило. Лекарската екипа констатирала смрт.
Според изјави од жители на Илинден, 13-годишното девојче влегло во ископот со вода за да го извлече братчето и друго дете кои паднале во дупката.
Жителите бараат одговорност од фирмата што го градела објектот зашто местото не било обезбедено.