Македонските медиуми, како и политичките партии и општеството во целина, се под контрола на неколкумина транзициски олигарси кои своето богатство го штитат со политичките партии што ги контролираат, со судството и другите клучни институции во државата со кои управуваат од длабоката сенка на луксузот и богатството што го стекнале на, најблаго кажано, крајно сомнителен начин, и со медиумите, академските институции и невладините организации што се, или во нивна директна сопственост или врз кои имаат пресудно влијание. Тоа е таа олигархиска тријада, пари, политика и медиуми.
Но има и независни интелектуалци и медиуми кои храбро им се спротивставуваат. Чест ми е што сум дел од тој отпор.
Интервјуто со Џабир Дерала, основач и претседател на Цивил – Центар за слобода и главен уредник на медиумската платформа на организацијата, НОВА ќе го објави во понеделник.