Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Досегашните одлични односи со ОАЕ да се интензивираат со соработка на сите нивоа

0
By НОВА ТВ on November 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати имаат одлични односи кои се карактеризираат со пријателски врски и стабилни политики, но, соработката меѓу двете држави треба да се интензивира и да се продлабочува на сите нивоа вклучувајќи го и парламентарното, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со неговиот домаќин, спикерот на Федералниот национален совет на Обеднетите Арапски Емирати Сагар Ал-Гобаш.

Џафери на средбата рече дека се надева дека досегашното одлично ниво на дијалог, соработката, меѓусебното почитување и разбирање ќе продолжи со иста динамика во иднина, што ќе резултира со корисна соработка во сите области од заеднички интерес, бидејќи ги поддржуваме истите заложби за мир и стабилност, регионално и глобално.

Северна Македонија, кажа тој, веќе е членка на НАТО и пред почеток на преговори со ЕУ.

Во таа насока, Џафери очекува натамошно интензивирање на односите, особено парламентарната соработка каде што потенцијалот за унапредување е значителен, како на ниво на пратенички групи за соработка, така и на ниво на комисии.

Претседателот на Федералниот национален совет на ОАЕ Ал Гобаш изрази задоволство што се реализира оваа прва историска посета на претседател на Сиобранието на Северна Македонија на ОАЕ, особено што во делегацијата, исто така, се и пратеници изразувајќи надеж дека оваа иницијална соработка се повеќе ќе се развива. Ал Гобаш истакна дека неговата земја дава целосна поддршка на Северна Македонија за влез во Европската унија и оти се надева дека сме ја поминале лекцијата од многу земји претходно. Ал Гобаш рече применувајќи ги тие искуства се надева дека тоа ние што побрзо ќе можеме да го спроведеме.

На средбата Џафери истакна дека Северна Македонија високо го цени присуството на ОАЕ во регионот на Западен Балкан, гледајќи ја позитивната улога на Абу Дабикоја преку директната хуманитарна и развојна помош ефективно влијае на економскиот раст и благосостојбата на вклучените земји.

Република Северна Македонија и ОАЕ, посочи претседателот на Собранието на средбата, имаат просперитетна етничка различност и ја споделуваат истата политика на толеранција со цел градење општества во кои се негуваат етничката и верската различност. Притоа, тој го потенцирафактот дека Република Северна Македонија ги отвори вратите за стотици авганистански бегалци, кои поради состојбите во нивната земја, побараа егзистенцијална заштита во други земји. Тој процес на прифаќање на авганистанските бегалци се уште трае, а притоа се обезбедуваат високи норми на хуманитарното право и се води сметка секој човек да биде соодветно згрижен, за што Република Северна Македонија доби позитивни реакции од САД и останатите наши НАТО сојузници, од Европската унија, но и од сиот мирољубов свет.

Џафери, исто така, посочи дека Северна Македонија високо ја цени конструктивната позиција на Емиратите во напорите за стабилизација во регионот на Блискиот Исток, со цел постигнување траен мир и стабилност во овој регион. Во таа насока, рече тој, го поддржуваме Абрахамскиот договор потпишан во Вашингтон во септември минатата година меѓу ОАЕ и Израел, со посредство на САД, кој дојде како пресвртница во нормализацијата на односите во регионот на Блискиот Исток. Според него, позитивното влијание на Абрахамскиот договор дава големи можности за понатамошна соработка меѓу ОАЕ и Израел.

Претседателот на Националниот совет Ал Гобаш, пак, истакна дека верува во мир и толеранција на религиите. Вие како мала земја, додаде тој, можете да живеете во мир. Посочувајќи на состојбата со Израел и Палестина, рече дека војните во светот не даваат добра порака и затоа треба што побрзо да престанат насекаде, да се седне на маса и да се започне со дијалог.

Република Северна Македонија, додаде претседателот на Собранието, најостро ги осудува сите форми на тероризам и е активна членка на меѓународната коалиција за борба против тероризмот.

-Оттука, добредојдена е експертизата на Хедаја, Меѓународен центар за борба против насилниот екстремизамоснован од ОАЕ, како начин за ресоцијализација на членовите на ИСИС, но и како метод за спречување на насилен екстремизам и исламски фундаментализам, рече Џафери.

Осврнувајќи се на пандемијата со Ковид-19, Џафери рече дека таа остава неизбришлива трага во историјата на целото човештво на планетата. Во тој контекст, се заблагодари за помошта со медицински материјали за нашето Министерство за здравство преку глобалниот одговор за помош од ОАЕ во справувањето со пандемијата COVID-19 обезбедена во ноември минатата година.

Исто така тој се заблагодари и за помошта што Северна Македонија ја доби за поставување и одржување на нашиот Павиљон на Ескпо Дубаи 2020.

Овој настан, рече Џафери, е од особена важност за нашата земја и претставува можност да се претстават економските и туристичките потенцијали пред пошироката светска јавност, а со цел да се зголеми видливоста за потенцијалите и можностите за соработка.

Во собраниската делегација на официјалната посета се и претседателот на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, пратеникот Хусни Исмаили, и пратениците Дарко Каевски и Бедри Фазли.

Парламентот на Обединетите Арапски Емирати или Федерален национален совет е воспоставен во 1971 година и го сочинуваат 40 пратеници, од кои половината се жени.

Во рамки на посетата претседателот на Собранието Џафери утре ќе оствари средба со министерот за толеранција и соживот Шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал-Нахјан, а потоа заедно со собраниската делегација ќе го посети и Павилјонот на Република Северна Македонија на „Експо Дубаи 2020”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.