Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Мицкоски не е пратеник и не може да се обрати во Собранието

2
By Нова ТВ on October 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на Собранието Талат Џафери од собраниската говорница појасни дека нема деловничко право за да дозволи претседателот на опозицијата кој не е пратеник да се обрати во Собранието.
-Не станува збор за моја волја, туку во Деловникот нема таква можност, кажа Џафери.
Реакцијата на Џафери уследи откако координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев побара од Џафери, сепак да дозволи партискиот претесдател да се обрати со оглед на ситуацијата во која се наоѓа државата и дека преседани имало и во минатото.
„За време на студентските протести, овде во Собранието се обрати Филип Петроски водачот на студентите“, рече Данев.
Писмото од ВМРО ДПМНЕ со кое се бараше во Собранието да се обрати претеседателот на партијата, е вратено назад до испраќачот. Од кабинетот на Џафери велат дека не го добиле писмото, кое е вратено затоа што не било адресирано до претседателот на Собранието.

Неофицијално, писмото било адресирано до г-динот Џафери а не до претседателот на Собранието.Во писмото со кое ВМРО ДПМНЕ бара Мицкоски да се обрати на седницата се вели:

-Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од Уставни измени кои имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја како и значајноста која овој период ја има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контраверзите што ја предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија која е во опозиција и чиј што претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните преставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чуствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени.

Ова право го овозможува Деловникот за работа на Собранието, каде согласно член 72, став 2 од Деловникот овозможува Претседателот на Собранието да (цитираме) “може да покани на седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации, се вели во барањето од ВМРО ДПМНЕ до Собранието.

Собраниската седница следете ја во живо на следниот линк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.