Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Опозицијата поставува ултимативни барања и ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците

0
By Нова ТВ on March 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска обвини дека опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на Ковид-19, и оти пред него се поставуваат ултимативни предлози што не може да ги прифати.

Џафери на прес-конференцијата, што ја свика по прекинување на средбата со координаторите на пратеничките групи, рече дека двајца пратеници од мнозинството од здравствени причини се спречени да учествуваат на утрешната 36. седница, поради што го поставил прашањето за кворумот.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, според него, побарал на седницата да се разгледуваат само продолжување на кризната состојба и трите точки поврзани со мерките за Ковид-19, а не и другите 26. Џафери не го прифатил тој предлог и ќе почека до четврток, кога очекува еден од пратениците да излезе од изолација поради Ковид-19.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМН, пак, соопшти дека бил одбиен нивниот предлог да се закаже посебна седница за да се разгледаат законите за финанансиските мерки поврзани со корона-пандемијата, а на седницата да учествуваат за да поминат и законите од петтиот пакет мерки.

Координаторот Никола Мицевски рече дека предложиле на посебна седница да бидат одделени и ставени: Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата; Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, февруари и март 2021 година; Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата од КОВИД-19 заради исплата на платите за февруари и март 2021 година и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на личен доход. Како што рече, тоа го предложиле откако денеска на редовната координација станало јасно дека парламентарното мнозинство нема да има 61 пратеник на утрешната седница, а со цел да им се помогне на граѓаните и на стопанството зашто роковите за законите се одамна поминати.

– Законите од овој таканаречен петти сет на економски мерки не се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, тие се блокирани од СДСМ и ДУИ. Нашиот предлог експресно беше одбиен. Денес стана јасно кој блокира во Собранието, денес стана јасно на кои не им е грижа за здравјето на граѓаните и кои се занимаваат со политиканство и злоупотреба на здравствената криза. Додека смртните случаи од коронавирусот се зголемуваат и власта е крајно неспособна да обезбеди вакцини, СДСМ, Заев и Филипче единствено што ги интересира е како да профитираат од оваа криза и си играат со судбините на граѓаните и наместо да работат за нив и за стопанството, тие се занимаваат единствено со тоа на секој можен начин да избегнат одговорност и да ја обвинат опозицијата, рече Мицевски.

Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, власта и пратениците на СДСМ го користат овој пакет закони бидејќи знаат дека немаат кворум што е, рече, нивна обврска.

-Сакаат да ја искористат опозицијата да им обезбеди кворум и на утрешната закажана седница да протуркаат штетни закони за кои треба да се дебатира, бидејќи сметаме дека се штетни за граѓаните и државата, рече Мицевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.