Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Парламентарната демократија може да се покаже како клучна за решавање на комплексните проблеми

0
By Ана Василевска on September 12, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Парламентарната дипломатија е уште една силна алатка за која верувам дека може да се покаже како клучна за решавање на комплексните проблеми како што се отворените прашања и конфликтите со оглед на можноста за дијалог меѓу пратениците и изнаоѓање на потенцијални решенија, оцени претседателот на Собранието Талат Џафери во воведното обраќање на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ што денеска и утре се одржува во Собранието.

Парламентарната дипломатија, посочи, нуди единствена можност за градење на мостови меѓу земјите и пратениците кои имаат различно потекло, култури и традиции со ултимативна цел на создавање на синергии во однос на стратешките прашања од заеднички интерес.

-Берлинскиот процес во себе ги обединува помирувањето, европската интеграција, поголемото меѓусебно регионално поврзување на земјите од Западен Балкан, надминувањето на отворените прашања, поголемата соработка помеѓу младите, граѓанските организации и бизнис заедницата, како и поддршката од останатите европски земји учеснички во овој процес и нивната заложба за приближување на регионот кон полноправно членство во Унијата. Во изминатата деценија сведоци сме за успесите, потпишаните договори и конкретните проекти кои се спроведуваат во рамките на Берлинскиот процес на повеќе нивоа на кои сепак отсуствуваше парламентарниот дијалог, рече Џафери и го поздрави Самиот од Познањ од 2019 година на кој беше истакнато зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот и посредно за поголема вклученост на граѓаните во дијалогот.

Нагласи дека унапредувањето и зголемувањето на регионалната парламентарна соработка, вклучително и соработката со пратениците од националните парламенти на земјите-членки на ЕУ и од Европскиот парламент претставува додадена вредност која може значително да придонесе за размена на идеи и искуства со кои, како што кажа, ќе го подобриме квалитетот на законските решенија кои произлегуваат од договорите склучени во рамките на Берлинскиот процес, како и за зголемување на нашата надзорна улога за спроведување на донесената регулатива.

-Свесни сме дека географски, стратешки и со мнозинската волја на граѓаните како регион сме предиспозирани да станеме членки на ЕУ штом ги исполниме потребните услови за тоа, но и дека сите ние на тој пат сме исправени пред многу колективни и поединечни предизвици од различна природа. Мораме да се справиме и да најдеме прифатливи решенија за сите отворени прашања, кои ни пречат на тој пат. На нашите општества им е потребно конечно помирување и реални проекти во детектираните области од страна на Европската комисија. Неспорен е фактот за дестабилирачкиот потенцијал од билатералните прашања, а особено е загрижувачко оркестрираното влијание од трети страни во целиот регион.  Мораме да прифатиме сакале или не дека како балкански држави споделуваме заеднички предизвици и проблеми, но и заедничка иднина, рече Џафери.

Претседателот на Институтот за демократија ИДСЦС, Марко Трошановски порача дека собранискиот персонал е институционална меморија на процесот на демократизација и регионална соработка во нашиот регион.  Конференцијата ја оцени како почетен настан за неформално партнерство меѓу собранијата во регионот и невладините организации од регионот кои одлучија да работат заеднички кон подобро спроведување на заложбите од Берлинскиот процес и кон поголема локална вклученост во процесот и вклучување на каналите за парламентарна дипломатија.

-Дебатата за проширување и продлабочување е можеби суштинска за иднината на Европа, но исто така е од егзистенционално значење за иднината на Западен Балкан затоа што важи за нашата домашна регионална реалност. Преку проширување на процесот на пристапување кон ЕУ, Балканот ќе стане поширок на еден начин и ќе се зголеми на тој начин што ќе стане дел од територијата на ЕУ. Во процесот на продлабочување треба да оствариме одредено ниво на подготовка за поефикасно да се впуштиме во патот кон пристапување во ЕУ.  Берлинскиот процес ни го овозможува тоа. Од 2014 година кога започна тој процес владите презедоа голем број заложби од кои дел беа спроведени, но целосното спроведување сепак заостанува на некој начин, посочи Трошановски.

Затоа, како што рече, Самитот од Познањ ја препозна важноста на собранијата како платформи за вклучување во Берлинскиот процес што носи придобивки не само за намалување на трошоците во раоминг, туку има и други придобивки за кои луѓето не се свесни.

-Затоа одлучивме заедно со невладините организации, со собранискиот персонал и со пратениците во следните две години да работиме за постигнување на амбициите од Берлинскиот процес. Ќе работиме на договорите за олеснета мобилност, за заеднички пазар, зелена агенда, …, рече Трошановски.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер посочи дека парламентарците најдобро ги знаат желбите и потребите на граѓаните бидејќи се најблиску до нив.

-Регионалната соработка се заснова на средби помеѓу луѓето, а за тоа е потребно  да создадеме поволни услови за да може да се одвиваат овие активности, рече Дрекслер.

берлински процес Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.