Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери пред одлука да ги отфрли сите амандмани за Законот за јазици

0
By Соња Петрушевска on March 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре ќе ја закаже седницата за Законот за јазици, со почеток во 13 часот. Џафери, ова  го најавил на денешната координација во Собранието, на која не соопштил како ќе ја води седницата и дали ќе ги стави амандманите на гласање.

Дел од присутните на состанокот, за НОВА брифираат дека се очекува Џафери утре да ги отфрли сите амандмани, со образложение дека со нив се бара да се оцени уставноста на  Законот, што не е во надлежност на пратениците. Оние кои сметаат дека Законот е неуставен ќе бидат упатени да поднесат претставка до Уставниот суд.

Од парламентарното мнозинство очекуваат и ВМРО ДПМНЕ да гласа за Законот.

Артан Груби од ДУИ за НОВА изјави дека ВМРО ДПМНЕ има шанса утре да го покаже своето ново лице, гласајќи за Закон за кои и тие се коавтори исто како ДУИ и СДСМ.

Седницата за Законот за јазици  требаше да се одржи минатиот вторник, но тој обид пропадна поради тоа што ДУИ и СДСМ не постигнаа договор дали да се отвори расправа за амандманите поднесени од ВМРО ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев вчера рече неделава се очекува да биде донесен законот за употреба на јазиците, а по девет месеци расправата треба да биде завршена.

„ Порано овие закони се носеа по самото завршување на парламентарните избори, сега дадовме девет месеци дебата. Сите кажаа сè што имаа да кажат. Нека се донесе законот, нека се спроведе и ќе видиме сите дека не било ништо толку тешко и трагично, туку ќе овозможи полeсно да се разбираме едни со други, изјави Заев.

Од ВМРО ДПМНЕ најавија дека ќе присуствуваат на седницата и дека нема да ги повлечат амандманите. Опозицијата има поднесено  35.569 амандмани.

Закон за јазици Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.