Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Прерано е за коментар за уставни измени и референдум, нема подготовки за предвремени избори

0
By НОВА ТВ Balaban on July 28, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеник не смее да излезе на говорница додека не добие збор, таа песна нема никој да ја пее! Ако некој почнал јавно да ме навредува на лична основа, што сум јас таму? Не е ниту еден отсто тоа што им враќам на тие навреди. И јас имам праг на толеранција, мора да сметаат на мојот карактер. Имам и семејство, деца и внуци, вели Џафери.

Прерано е да ги коментирам најавите за уставни измени и за референдум во врска со европскиот предлог. Нема материјал за да се изјаснам. Опозицијата хипотетички прави ситуација, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите на кој се осврна за досегашната работа на Собранието, од почетокот на мандатот.

Наспроти обвинувањата на опозицијата дека нема кворум за нови, а се закажуваат веќе започнати седници, Собранието е функционално. Два закони – законот за прекршоци и законот за следење на комуникациите не се донесени и за нив е потребно двотретинско мнозинство, рече Џафери.

За тоа тоа што околу 80 точки не се разгледани, тој смета дека се виновни претседателите на комисиите бидејќи не закажуваат седници.

– Нека се изјаснат дали седниците не ги закажуваат поради партиски или политички одлуки, запраша Џафери.

Џафери се осврна на однесувањето на пратениците и неприсуството на седници, а најави и дека е можно донесување нов деловник за работа.

– Пратеник не смее да излезе на говорница додека не добие збор, таа песна нема никој да ја пее! Ако некој почнал јавно да ме навредува на лична основа, што сум јас таму? Не е ниту еден отсто тоа што им враќам на тие навреди. И јас имам праг на толеранција, мора да сметаат на мојот карактер. Имам и семејство, деца и внуци, вели Џафери.

Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги остават настрана партиските прашања, дека не може да бараат пауза, а да не се присутни во собраниската сала.

Спикерот Џафери денеска изјави и дека не се подготвува за предвремени избори.

– Кој сака, нека поднесе предлог за распуштање на Собранието. Да ја  потсетам опозицијата дека за тоа се потребни претходни подготовки, 100 дена пред вакви избори се потребни за техничка Влада и тој услов беше даден од сегашната опозиција со Договорот од Пржино, нагласи Џафери.

Во врска со тоа што од седниците редовно отсуствуваат лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, Џафери одговори дека тие се најредовни во Собранието кога се гласа. А отсуството на Ахмети од седниците, рече Џафери, е поради партиски активности, како лидер на партија.

Пратениците одат на одмор од 3 август, по празникот Илинден, а со активности ќе продолжат од 29 август, кога ќе се одржуваат продолженија на незавршени седници и седници  на комисии. Првата  редовна седница ќе биде закажана на 13 септември.

Одржани се 83 пленарни седници во овој мандат, од кои 52 се завршени, а 29 седници не. На 83 седници имало 973 точки на дневен ред, а не биле разгледани 80, бидејќи претседателите на комисиите не свикуваат седници. 

(Љ.Б.)

 

 

 

брифинг Пратениците Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025

Војската го уапсила претседателот на Гвинеја-Бисао, во земјата се изведува државен удар

November 26, 2025
ФОКУС

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

ВЕСТИ November 27, 2025

Бугарскиот парламент синоќа до полноќ беше блокиран откако околу 30.000 граѓани излегоа на протести поради…

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025

Агелер вечерва со изјава на ТВ го „утепа“ Мицкоски за судството – пораката е „помалку зборови, повеќе дејствување“

November 26, 2025

Трамп: Виткоф со Путин, а Дрискол со Украинците ќе работат на завршување на мировниот план

November 25, 2025
ТИКЕР

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025

Војската го уапсила претседателот на Гвинеја-Бисао, во земјата се изведува државен удар

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.