Истекоа роковите и процедурите за постапување по интерпелациите за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ. Според собранискиот спикер Талат Џафери последна на дневниот ред останува само интерпелацијата поднесена од Алијанса за Албанците и Алтернатива, а која се однесува на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Нивната иницијатива дојде по случајот со бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Но, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со ова толкување на Регулативата. Според координаторот на пратеничката група, интерпелациите не биле повлечени и Деловникот не оневозможува нивно поставување на дневен ред на било која од следните седници.