Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери за еден месец ќе ги распише локалните избори

0
By НОВА ТВ Balaban on June 24, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. Тоа, како што истакна, ќе зависи од информациите кога завршуваат мандатите на градоначалниците.

Претседателот на Собранието на средбата со новинарите рече дека нема да остави простор некој да искористи некој формален аспект на „пропуст”, што потоа би бил подлога за суштински аспект со што би го довел во прашање целиот изборен процес.

Доколку изборите би се одржале на 17 октомври, Џафери предупреди дека тогаш изборната кампања би можела да се поклопи неколку дена со пописот на населението, што завршува на 30 септември.

– Кога ќе дојде време ќе пуштам писмо до ДИК во однос на роковите и мандатите, рече Џафери.

На 1 јули започнува комисиската дебата за ребалансот на Буџетот. Во тие десет дена нема да има пленарни седници освен ако има нешто итно, досава тој. До 1 јули би требало да се одржи седница за една од интерпелациите поднесени од опозицијата.

Претседателот на Собранието посочи дека во законодавниот дом не се стигнати предлозите за еколошката такса на горивата и за намалуање на ДДВ кај струјата и оти не знае кога би биле ставени на дневен ред на седница.

Џафери на 28 и 29 ќе биде во Брисел на покана на претседателот на ЕП Сасоли. На 28 во Брисел ќе се одржи конференција на претседатели на Парламенти на која ќе учествуваат сите претседатели на собранијата од земјите од Западен Балкан. Оттаму, Џафери вели дека ќе бидат упатени пораки до ЕУ по последната одлука за недобивање датум за Северна Македонија и Албанија.

Џафери го дели мислењето дека проблемот е во ЕУ и принципот на едногласност. Од педесетите години, кога е основана Унијата, околностите се променети и очигледно е дека тој принцип на едногласност е проблематичен. Но, ние не треба да се откажеме од европските вредности, вели претседателот на Собранието.

Во однос на разговорите со Бугарија и дали Парламентот во Скопје ќе се вклучи на некој начин во овој процес, Џафери рече дека нашето Собрание го ратификувало Договорот со Бугарија и оти владите се тие што разговараат за ова прашање.

локални избори распише Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.