Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер објави дека „Медена земја“ е зачудувачки филм.
„Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“, објави Ли Кертис.
„Медена земја“ годинава е номиниран во две категории за Оскар – за „најдобар документарен филм“ и за „најдобар странски филм“.
Петте номинирани филмови за најдобар документарец, покрај „Медена земја“, се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.
За најдобар странски филм, покрај покрај македонскиот адут, номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.
Церемонијата на 92-то доделување на оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.