Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џозеф: Ципрас и Заев заслужуваат Нобелова награда за мир

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајцата лидери кои заслужуваат да добијат Нобеловата награда за мир не се сретнаа оваа недела во Сингапур, туку во недела ќе се сретнат на брегот на езерото кое граничи со Грција, Македонија и со Албанија. Премиерите Алексис Ципрас од Грција и Зоран Заев од Македонија – земја што ќе биде официјално позната како Северна Македонија – ќе потпишат договор за решавање на горливиот децениски конфликт.

Всушност, договорот е многу повеќе од тоа. Тој создава модел за решавање на идентитетските судири кои водат до конфликт не само на Балканот туку и во целиот свет, пишува професорот Едвард Џозеф во текст објавен во американскиот „Форин полиси“.

„Она што го прави македонскиот случај толку загрижувачки е постојаниот предизвик за самото постоење на македонски идентитет од страна на неговите три поголеми, помоќни соседи, Грција, Бугарија и Србија“ пишува Џозеф и потсетува на бурната историја на Македонија со соседите кои иако декларативно ја признаваат, сепак на еден или на друг начин, го негираат нејзиниот идентитет – јазикот од Бугарија, црквата од Србија и целокупниот идентитет од Грција. Текстот потсетува и на конфликтот во 2001 со албанската етничка заедница, по кој следуваа уставни измени.

„Договорот сé уште се соочува со жестоко противење од националистите во двете земји кои ги нападнаа премиерите дека се предавници. За да се избегне ваков исход, итно е потребно Ципрас и Заев не само да добијат  поддршка, туку и светски признанија“, пишува Џозеф.

Џозеф пишува и дека „визијата на Ципрас е извонредна“, бидејќи за разлика од речиси сите негови претходници, Ципрас разбрал каква е предноста да ја ослободи  Грција од непотребен товар во односите со НАТО и со ЕУ, како и во односите со соседот. Второ, Ципрас таа пригода ја воочил при доаѓањето на неговиот реформистички колега во Скопје, Зоран Заев.

Џозеф оценува дека договорот ќе биде удар за Москва и за противниците на Европа.

„Со членството во НАТО македонските граници се обезбедени. Тоа го комплицира аспирациите на оние кои сакаат да го разграбат соседно Кососво. Договорот го најавува напредокот и за Босна, земја која конечно може да напредува во претпоследната фаза пред членството во НАТО, со што се спречуваат плановите за поделба на земјата, а со  враќањето на НАТО и на ЕУ, најголемата земја во регионот, Србија, може да ја отрфли романтичната врска со Русија и дефинитвно да влезе во сојуз со Западот“ пишува Џозеф.

„Ако ги преживее политичките предизвици“ договорот меѓу Македонија и Грција, ќе претставува модел како и  навидум нерешливи спорови можат да бидат решени  со добра волја.

Заев Ципрас Нобелова награда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.