Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ди Карло: ОН не можат да ги потврдат извештаите за падот на рускиот авион во близина на Белгород

0
By Ана Василевска on January 26, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
Розмари ди Карло
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обединетите нации не се во позиција да ги потврдат извештаите за соборувањето на рускиот авион во регионот Белгород, во близина на границата со Украина, во кој наводно се превезувале заробени украински војници, соопшти потсекретарката на ОН за политички прашања Розмари Ди Карло. Воедно таа ги повика завојуваните страни да избегнуваат поттикнување „на и онака опасниот конфликт“.

На седницата на Советот за безбедност на ОН одржана синоќа, Ди Карло изјави дека Русија и Украина водат одвоени истраги за инцидентот, а Киев повикал на меѓународна истрага, објавено е на веб-страницата на ОН.

Според неа, ОН не се во можност да ги проверат извештаите или околностите за несреќата, но, како што наведе, „јасно е дека инцидентот се случил во контекст на руската инвазија на Украина и тековната војна“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека си „игра со животите на украинските затвореници“ по смртоносната авионска несреќа во западна Русија. Тој бара меѓународна истрага по несреќата што се случи вчера во Белгородската област во близина на украинската граница.

Од друга страна, Русија соопшти дека нема преживеани откако, како што тврдат, украинските сили го собориле авионот Ил-76 со 65 украински воени заробеници, шестмина руски членови на екипажот и тројца чувари. Москва тврди дека Украинците биле во авионот заради размена на затвореници.

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека не и било кажано да осигура безбеден воздушен простор, како во претходните прилики на трансфер на воени заробеници.

Во своето видео обраќање доцна синоќа, Зеленски рече дека „очигледно е дека Русите си играат со животите на украинските затвореници, со чувствата на нивните роднини и со емоциите на нашето општество“.

Зеленски, кој денеска го откажа планираното регионално патување поврзано со неговиот роденден, нагласи дека „мора да се утврдат сите факти“.

Вчерашните изјави на украинската воена разузнавачка служба се сметаат, според Би-Би-Си, за премолчено признание дека го соборила воениот транспортен авион, иако нагласи дека нема веродостојни информации за тоа кој бил во авионот.

Генералштабот на Украина првично соопшти дека авионот превезувал ракети за руските системи за воздушна одбрана С-300. Тој не ги спомна воените заробеници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска повтори дека украинците го собориле авионот, окарактеризирајќи го како „монструозен чин“. Тој вели дека заробениците биле превезувани кон Белоградската област со цел со Украина да се изврши размена на затвореници. Вчера размената беше откажана. Тој дополни дека „никој не може да каже“ како овој инцидент ќе влијае на програмата за размена на заробеници.

Пред два дена  Русија соопшти дека воен транспортен авион ИЛ-76 со 65 украински воени заробеници се урна во западниот регион Белгород, на границата со Украина. „Во авионот имало 65 заробени војници на украинската армија кои требало да бидат транспортирани заради размена во регионот Белгород, шест членови на екипажот и тројца придружници“, соопшти тогаш руското Министерство за одбрана, обвинувајќи ја Украина за нападот.

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека не и било кажано да осигура безбеден воздушен простор, како во претходните прилики на трансфер на воени заробеници.

ОН Розмари Ди Карло руски авиони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.