Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Die Welt: Кaко еден олигарх ја проширува својата моќ во Бугарија

0
By Zoran Ivanov on October 7, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кирил Петков: Со Бугарија управува Пеевски кој е на американската црна листа а тоје зависник од Кремљ, а успехот на Путин зависи од личности како Пеевски и опстанокот на Европа зависи од нивното запирање“, изјави Кирил Петков за германскиот „Die Welt“.

 Емилијан Лилов

И беа постигнати успеси – германскиот „Die Welt“ дури ги нарекува „историски“ и ги наведува: во јануари земјата од ЕУ ќе се приклучи на еврозоната, а од оваа година е и полноправна членка на Шенген – „вклучително и затоа што реформаторите разоткрија и се бореа против мафијашките структури на криминалци, државни службеници и компании на надворешната граница на ЕУ со Турција“. Изданието потсетува дека поради оваа посветеност на „Ја продолжуваме промената“, нивните членови биле загрозени од кругови на организиран криминал – за што пишуваше и „Die Welt“. Ова не беше изолиран случај во земјата, која е на дното на ранг-листата на корупција во ЕУ, пишува авторот на статијата, Филип Фолкман-Шлук.

Стари мрежи на влијание  Но, зад сцената, се формира моќно контра-движење, во кое старите мрежи на зависност меѓу политиката и судството повторно добиваат сила. Опозициските политичари и активистите за борба против корупцијата се чувствуваат прогонувани и во неформални разговори прават споредби со диктатурата во Белорусија, каде што противниците на владата се затварени. Корупцијата отсекогаш отворала врата за влијание на Кремљ во оваа стратешки важна земја на НАТО на Црното Море, продолжува изданието.

Со решителна поддршка на Украина по руската инвазија, вклучително и со снабдување со оружје, и ослободување на Бугарија од стисокот на руските енергетски олигарси, „Продолжуваме со промената“ освои многу противници, пишува Ди Велт.

Од 2024 година, земјата повторно е управувана од влада на ГЕРБ предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, под чие владеење цветаше корупцијата и кражбата на средствата од ЕУ. Сепак, ГЕРБ останува дел од Европската народна партија (ЕПП), во која се вклучени и германската ЦДУ и ЦСУ, потсетува „Ди Велт“.

Крајно сомнително апсење: Градоначалникот на варна Блгомир Коцев е еден од ретките проевропски функционери а прогресивната јавност смета дека е притворен без основ.

Судството како инструмент за политичка репресија

Како најнов пример за репресија, весникот го посочува апсењето на градоначалникот на Варна, Благомир Коцев. Либералната група „Обнови ја Европа“ во Европскиот парламент, на која ѝ припаѓа и „Продолжуваме со промената“, го смета ова апсење за „јасен случај на политички прогон и опасна злоупотреба на државната власт“. Во нивното соопштение се наведува и дека обвинувањата против Коцев се „неосновани“ и дека Бугарското обвинителство и Антикорупциската комисија „сè повеќе стануваат инструмент за политичка репресија“.

Германската европратеничка Свења Хан, исто така, издаде соопштение, испраќајќи писмо до Европската комисија. Во него, таа истакнува дека во последните месеци Бугарија доживеала „алармантен развој на политичкото мешање во судскиот систем“ и во овој поглед предупредува на „сè почестата употреба на претседателската моќ за прогон на опозициски личности“. Изданието го цитира и Андреј Јанкулов, правен експерт во Фондот за борба против корупцијата (ACF), кој зборува за „модел во кој владејачката класа го злоупотребува судството, користејќи го како своја алатка“.

Во сличен контекст, се споменува и името на олигархот и политичар Дељан Пеевски, санкциониран од САД според Законот Магнитски за корупција и злоупотреба на влијание, забележува „Ди Велт“. Истражувачките новинари го обвинуваат за кражба на милиони од фондовите на ЕУ, учество во насилни злосторства, шверц и коруптивни контакти со Москва. Европската обвинителка Теодора Георгиева во едно интервју изјави дека била заканувана од олигархот за време на истрагите за злоупотреба на фондовите на ЕУ. Сепак, никогаш немало никакви правни постапки против Пеевски во Бугарија.

„Ди Велт“ разговараше и со поранешниот премиер Кирил Петков, кој вели дека моќта на Пеевски се темели на „договор за корупција со Борисов“: „Овој договор го парализира дури и сегашниот бугарски премиер, кој не може да владее без согласност на санкционираниот олигарх“, додаде Петков. Според него, сепак, ова е многу поголем проблем – влијанието на Русија врз стратешки важна земја за НАТО, како што е Бугарија.

Бугарија е преплавена со руски дезинформации

Бугарија со години е преплавена со руски кампањи за дезинформации. „Путин ја користи корупцијата како алатка за надворешна политика“, додаде Петков. Во оваа смисла, тој го дефинира олигархот Пеевски како „слуга на Путин“ и дава пример за запирањето во последен момент на продажбата на нуклеарни реактори на Украина, што на Бугарија не ѝ е потребно.

Поранешниот премиер Кирил Петков се сомнева дека зад апсењето на градоначалникот на Варна стојат и геополитички интереси, бидејќи пристаништето во Варна е важен фактор за безбедноста на источното крило на НАТО.

„Случајот Пеевски ја открива неспособноста на Европа да им се спротивстави на агентите на Путин во сопствените институции“, беше цитиран Кирил Петков. Тој, исто така, ја обвинува Европската народна партија (ЕПП) дека ги игнорира ваквите случаи. „Успехот на Путин зависи од личности како Пеевски, а опстанокот на Европа зависи од нивното запирање“, заклучи Петков во интервју за Ди Велт.

Текстоте перенесен од Глобус магазин.мк

 

Бугарија Корупција пеевски Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.