Сите национални телевизии и дел од регионалните ќе можат без проблеми да се гледаат од утре, со стартот на процесот на дигитализација.
Со потпишувањето на договор со операторот „Оне“ ги исполниле техничките услови за приклучување на дигиталната платформа.
Останатите регионални телевизии ќе почнат да емитуваат дигитален сигнал кога ќе бидат технички подготвени, а гледачите навреме ќе добијат информација од „Оне“.