ДИК делумно прифати 20-тина приговори со можност за прекршочни пријави или дисциплински постапки.
По долгата расправа ДИК го прифати приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за избирачкото место број 1727, во Струмица, за останатите два приговори за гласачките места 1730 и 1734 расправата продолжува денеска.
Станува збор за гласачките места во училиштата „Никола Вапцаров“ и „Маршал Тито“ во Струмица.
Денеска ДИК треба да одлучи дали и на овие места ќе има прегласување на 7-ми април.
Законскиот рок од 48 часа на ДИК заврши синоќа во 19 часот, а членовите на Комисијата ја прекинаа седницата рано изутрината во три часот.
ДИК на денешното продолжение на седницата ќе одлучува за приговорите на НДП за Гостивар, на ДУИ за Шуто Оризари и за приговорите на ДПА за Чаир.
Вчера делумно беше прифатен еден приговор од СДСМ за Охрид што не влијае врз резултатите од гласањето.
Како што се изјаснија членовите на ДИК, доцна синоќа, во Кичево нема да има прегласување и покрај приговорите поднесени од ВМРО – ДПМНЕ.
По истекот на рокот политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување.
Рокот на Управниот суд завршува во понеделник, а веќе во вторник или среда треба да се изврши печатењето на избирачките ливчиња за вториот круг од изборите што треба да се одржи на 7 април.