Државната изборна комисија информира дека постапува согласно Законот за завршување на текот на постапката на јавната набавка на фингерпринт апаратите.
Во ДИК вчера пристигнале претставници на компанијата „ДЕРМАЛОГ“ и во текот на денешниот ден се вршат завршни консултации за финализирање на текстот на договорот и негово потпишување. По ова, веднаш почнуваат да течат роковите за испорака на техничката опрема, за што од ДИК најавија дека дополнително ќе ја информираат јавноста.