Во ДИК во тек е седница по приговорите кои пристигнаа од изборните единици каде се забележани нерегуларности во изботниот процес.
На почетокот на седницата членовите на ДИК изгласаа да ги спојат сите 42 точки во една точка.
Со 5 гласови „против“ и 2 „за“ беа одбиени приговорите од 42 исбирачки места во Ресен, кои се однесуваат на лица кои гласале и кои што биле заведени во Избирачкиот список, меѓутоа при идентификацијата покажале биометриски патни исправи издадени од МВР.
На местото на адреса било оставено празно место, а на местото за држава била наведена Република Албанија.
Сите овие приговори поднесени од СДСМ се одбиени од страна на ДИК.
Во текот на расправата претседателот Борис Кондарко побара да се проверат гласачките списоци во Ресен, но предлогот му беше одбиен од страна на останатите членови на комисијата.
На денешниот дневен ред на ДИК, чиј рок за разгледување на стотиците приговори истекува попладнево во 19 часот, треба да бидат опсервирани и приговорите од изборните места во општините Охрид, Аеродром, Радовиш, Прилеп и Брвеница.
До синоќа одбиени се 27 приговори на СДСМ за Кисела Вода и Штип, а делумно се уважува приговорот за Демир Капија, а лицето кое јавно го покажало заокруженото избирачко ливче може да заработи прекршочна пријава.
Претходно ДИК ги одби 38-те приговори на ДОМ и едниот на Демократска партија на Турците, за нерегуларности во Пласница. За приговор на Народното движење за Македонија, ДИК ќе одлучува дополнително.
До ДИК во законски предвидениот рок, по затворањето на гласачките места по првиот круг од гласањето на локалните избори пристигнаа вкупно 428 приговори. Најголем дел од приговорите по кои одлучува ДИК, има поднесено СДСМ и тоа над 70 во Охрид, над 60 во Радовиш, околу 40 приговори во Ресен, 80-ина во Аеродром, Штип 20, Прилеп 37, …