За седумте приговори на СДСМ за Брвеница, ДИК констатираше дека нема основ за поништување на изборите на гласачките места на кои се однесуваат овие приговори.
Сепак, ДИК се согласи да го прифати записникот од некои гласачки места во Брвеница во кои се констатирани повреди на изборниот Законик од страна на физички лица.
Против нив ќе биде покрената прекршочна пријава.
ДИК ги отфрли и сите 24 приговори на СДСМ за општина Радовиш.
Седницата на ДИК продолжува со расправа по приговорите на ВМРО ДПМНЕ за Струмица и Кичево.