Државната изборна комисија, за денеска во десет часот закажа итна седница по барање на Oпштинската изборна комисија од Куманово и претходна пријава за одземен гласачки материјал од три избирачки места од Куманово.
За Центар се поднесени 66 приговори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, всушност колку што има и избирачки места во општината. Според резултатите на ДИК, победник е кандидатот на здружената опозиција Андреј Жерновски, со 981 глас повеќе пред актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ.
За општина Струга има поднесено 17 приговори од страна на владејачката партија.
Приговори поднеле и ДПА 4, а ДУИ и НДП поднеле по 16 приговори.
ДИК е должна во рок од 48 часа да донесе одлука за приговорот, а подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа, по добивањето на решението.
Управниот суд треба да донесе одлука во рок од 48 откако ќе ја добие тужбата. Одлуките на Судот се конечни.