Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница, на лиј дневен ред е Извештајот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список, заклучно со 5 април 2016 година.
Се очекува да биде донесен заклучок за тоа дали до 17 април може да заврши со прочистувањето на Избирачкиот список.
На полноќ истекува рокот за за распуштање на Парламентот, според одлуката донесена на 23-ти февруари. Ако оваа одлука не се промени тогаш утре или во некои од наредните денови Претседателот на Собранието треба да распише избори што ќе се одржат на 5 јуни.