Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК комплетиран – отворен патот за организирање референдум на есен

0
By Нова ТВ on July 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието синоќа го избра новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК), со што конечно и формално се создаваат услови за организирање и реализирање на најавениот есенски референдум за Договорот со Грција.

Се очекува во сабота или во понеделник да се одржи нова седница на која Собранието ќе го распише референдумот кој, како што е најавено, би требало да се одржи на 30 септември.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека верува оти до 30 јули Собранието ќе донесе одлука за распишување на референдумот, кој, како што изјави, ќе биде организиран и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ во случај со нив да не се постигне договор, за што, во тек се разговори на парламентарно ниво.

Во случај да не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ очекува соодветно позиционирање на нивните пратеници за одлуките за распишување на референдумот, но и пред јавноста. Тие, според Заев, мора да кажат кој им е ставот, дали ќе бидат за бојкот, тивок бојкот, за повик за референдум, а да гласаат против, ќе бидат за повик, а граѓаните слободно да одлучуваат.

– Тоа е нивно право, но должност на сите е да обезбедат процесот да биде успешен, изјави Заев.

Премиерот кажа дека тие се отворени за расправа за прашањето дали референдумот да биде консултативен или обврзувачки.

– На крајот одлуката е задолжителна затоа што граѓаните теоретски може да излезат милион, а ако 600 илјади гласаат за, а 400 илјади гласаат против тогаш политичарите ја спроведуваат одлуката, гласаат во Парламентот и постигнуваме консензус. Ако излезат милион гласачи, 600 илјади се против, а 400 илјади се за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади гласаат за, а 200 илјади се против тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус нема одлука како што е по Уставот и тогаш останува институциите да одлучат, Парламетнот да гласа за уставни промени или да гласа против уставни промени, рече Заев.

Проблемот, според него, е околу референдумското прашање затоа што, како што рече, чесно, јасно образложливо, едноставно и фер кон граѓаните е да им се соопшти прашање кое што е основ за постигнување на Договорот со Грција за нашите интеграциски перспективи.

– Затоа, поставивме прашање-дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Од опозицијата добивме контра прашање  кое гласи – дали сте за поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција потпишан од министерот Никола Димитров и Никос Коѕијас во Серадес (Нивици), кој што целосно го уништува македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската култура и македонската национална посебност. Тоа не е точно и ние не можеме да поставиме такво прашање на граѓаните, рече Заев.

Премиерот апелира референдумот да се одржи како успешен процес и притоа да се гарантира валидност и вреднување и на тие што ќе гласаат за и на тие што ќе гласаат против.

– Ајде да овозможиме овој референдум да биде успешен процес. Ако јас гласам за, а Христијан Мицкоски гласа против, моето за мора да биде исто вредно како неговото не, оти тој има една алатка повеќе – да ги задржи гласачите дома, барем неговите членови, и тогаш е безвредно моето за, рече Заев.

На синоќешната собраниска седница членовите на привремениот состав на ДИК беа изгласани со 100 гласа „за“, експресно и без дискусија, по стариот модел според кој првиот човек на Комисијата е предложен од најголемата опозициска партија. Беа донесени и измените и дополнувањата на Изборниот законик (99 гласа „за“) и на законите за Влада и за финансирање на политичките партии (со по 101 глас „за“), по скратена постапка, договорени на понеделничката лидерска средба во Клубот на пратениците. Решенијата од овие три закони кои беа услов на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, всушност значеше и деблокирање на изборот на ДИК.

За претседател на ДИК е избран Оливер Дерковски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а Дитмире Шеху од ДУИ за потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК.

Првично седница за овие точки на дневниот ред беше најавена за понеделникот вечерта, но и покрај изјавите на лидерите, имаше несогласувања меѓу парламентарните партии и седницата не се одржа. Пратениците од сите политички партии до после полноќ беа во зградата на Парламентот чекајќи седницата да биде закажана, но договор изостана. Така, откако беше постигнат финален договор и беше деблокиран изборот на ДИК, претседателот на Собранието Талат Џафери ја свика вчерашната пленарна седница.

 

ДИК; референдум Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.