Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК првично и неофицијално: Излезност од 36,87%- „ЗА“ гласале 91,48 %

0
By Нова ТВ on October 1, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од преброени 98,61% од гласачките места, на референдумот што се одржа вчера гласале 661.393 граѓани со право на глас, или 36,87 проценти од запишаните 1.806.336 гласачи.

Според ДИК досега се преброени 3.446 од вкупно 3.513 места.

Од оние кои гласале, на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, „ЗА“ се изјасниле 91,48 отсто или 605.016 гласачи или 91,48. „Против“ гласале 5,64 отсто или 37.312 гласачи.

На последната прес-конференција на ДИК, претседателот Оливер Дерковски најави дека ДИК во законски предвидените рокови во текот на денешниот ден ќе ги објави и првите официјални резултати.

МОСТ: 94,2% гласале ЗА

Одѕивот на гласачите на денешниот референдум според ПВТ програмата.е 36,6 проценти, со маргина на грешка од +/- 1 процент, соопшти Граѓанската асоцијација МОСТ.

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов изјави дека од важечките ливчиња 94,2 проценти биле „За“ а 5,8 проценти „против“, при што добиените резултати се со маргина на грешка од +/- 0,3%.

Тој иостакна дека во текот на денот на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните најчесто пријавувале дека не можеле да го остварат своето право на глас поради тоа што не биле запишани во Избирачкиот список.

Прелиминарната оценка за спроведениот референдум Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ја соопшти на прес-конференција денеска.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше гласањето со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени беа толку набљудувачи, со што се покриени 33 отсто од вкупниот број гласачки места во Република Македонија.

МВР: 12 лица се приведени или повикани на разговор

До 19 часот евидентирани се 20 случаи на прекршување на избирачкото право или нарушување на јавниот ред и мир за време на гласањето на денешниот референдум, информира вчеравечер портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Меѓу евидентираните случаи имало напад на полициски службеник, фотографирање на гласачи, фотографирање на гласачко ливче, спречување на граѓани да гласаат и друго.

Во полициска станица се приведени или повикани 12 лица.

Дел од овие случаи, како што посочи Ангеловски се веќе документирани и поднесени се соодветни поднесоци, а останатите ќе се расчистат во текот на наредните денови.

Тој потенцира дека ова не се целосни бројки затоа што постои можност да се регистрира уште некој случај при крајот на гласањето.

Пријави до ЈОРМ

Симболична е бројката на пријави пристигнати до привремената комисија формирана од Јавното обвинителство на РМ за евентуално противправности  при спроведувањето на референдумот. Генерално можам да заклучам дека атмосферата беше мирна, немаше поголеми нарушувања на редот и мирот за време на гласањето во текот на денешниот ден. Можеме да заклучиме дека денешното гласање на референдумот е едно од најмирните денови на гласање во последните изборни циклуси, било да се парламентарни или локални избори, соопшти јавниот обвинител на РМ и претседател на Комисијата, Џељаљ Бајрами на прес конференцијата синоќа.

Тој посочи дека заклучно со 19 часот вчера во Вишото јавно обвинителство во Гостивар пријавени се два настани по кој постапувало ОЈО Гостивар.

Во првиот случај пријавено е фотографирање на гласачи од возило во кое биле неколку лица. Возилото било идентификувано, а две лица се приведени. Во вториот случај пријавено било дека гласач го искинал своето гласачко ливче, а потоа вознемирен бара да му биде дадено ново ливче за гласање кое не било дозволено од страна на избирачкиот одбор. За двата случаи дежурниот јавен обвинител издал насоки за натамошно постапување за утврдување на фактите.

На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје  исто така имало две пријави за сторени противправности.

– Во ОУ „Кочо Рацин“ имало обид за фотографирање од страна на едно лице кое за таа цел употребило електронски уред – пенкало со камера. Во средното угостителското училиште „Лазар Танески“ набљудувач фотографирал лице кое стоело во редот за гласање, рече Бајрами и додаде дека овие два случаи ќе бидат проверени од ОЈО Скопје, ќе се обезбедат докази и ќе се одлучи дали во пријавените настани има елементи на кривични дела кои се гонат по службена должност.

Јавниот обвинител Бајрами истакна дека ОЈО Скопје постапува  по поднесени кривични пријави од страна на политичка партија кои се однесуваат на евентуални противправности при гласање во општина Шуто Оризари. Втората пријава од политичката партија се однесува на испратени СМС пораки преку повеќе телефонски броеви поврзани со остварување на правото на гласање. И за овој случај, рече Бајрами, Обвинителството веднаш издаде наредби за прибирање на потребните податоци, расчистување на настаните.

Пристигнати се и пријави за по еден случај на подрачјето на ВЈО Штип, како и настан во село Мислешево, струшко.

Дик неофицијални нецелосни првични
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.