Со 4 гласа „за“ и 3 „против“ после жестока расправа прифатен е предлогот од страна на членовите на Државната изборна комисија да се разговара по претставките пристигнати до ДИК од опозиционата СДСМ и владејачката ВМРО – ДПМНЕ.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, влезе во расправа со Анета Стефановска, поради несогласувањата околу дневниот ред, според кој, најпрво требаше да се расправа по претставките од СДСМ како седма точка на предложенопт дневен ред, а веднаш потоа да се разгледаат претставките од ВМРО-ДПМНЕ.
Консензусот беше пронајден – двете точки се споија во една, односно редоследот го одредува архивскиот број на поднесени претставки во ДИК
Во ДИК пристигнати се над 400 претставки кои се однесуваат на неправилности во изборната кампања, од кои 208 од СДСМ и 223 од ВМРО – ДПМНЕ.
Најголем број од претставките се однесуваат на повреда на член 69A од Изборниот законик, односно на предвремено започнување на изборната кампања.
Седницата на ДИК е во тек, се претпоставува дека ќе трае до доцна во ноќта.