Во моментов според податоците на интернет страната на ДИК, кандидатот за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерносвки од Сојузот за иднината има освоени 51,78 проценти од гласовите.
Неговиот противкандидат Владимир Тодоровиќ од коалицијата „За подобра Македонија“ со 46,20 отсто од гласовите.
ДИК вчера објави дека во Центар ќе има втор круг на гласање но ситуацијата е променлива, според последните податоци не се пристигнати податоците од 6 изборни места.