Актуелната претседателка на Бразил, Дилма Русеф победи во вториот круг на претседателските избори со освоени 51.5 отсто од гласовите, соопшти бразилската Изборна комисија.
Таа го победи кандидатот на опозицијата Аесиј Невис, соопшти Врховната изборна комисија по преброени 98 отсто од гласачките ливчиња.
Работничката партија на Дилма Русеф е на власт 12 години и за тоа време, благодарение на програмата за социјална помош, милиони луѓе биле спасени од сиромаштија, наведува агенцијата AP.
Кампањата на двата кандидати минатите три недели достигнаа кулминација, Работничката партија на Русеф и Социјалдемократската партија не штедеа вербални навреди и обвинувања.
„Ги повикувам сите Бразилци, без исклучок да се обединат заради иднината на Бразил“, изјави Русеф.
За време на Светското првенство во фудбал кое годинава се одигра во Бразил, Русеф наиде на жестоки критики за вкупната сума која беше одделена за организација насветскиот турнир.
На последните рангирања од „Форбс“, претседателката на Бразил беше рангирана како втората најмоќна жена во светот после германската канцеларка Ангела Меркел.