Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитар Ковачевски влегува во трката за лидер на СДСМ-важи за фаворит и за премиерската функција

0
By Mirjana on November 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во јавноста се зборува дека во трката за прв човек на Бихаќка, ќе влезат три  лица. Но, додека за другите двајца  сеуште се шпекулира кои би можеле да бидат, членот на Извршниот одбор и актуелен Заменик министер за финансии Димитар Ковачевски и официјално за „Фокус“ вчера ја потврди кандидатурата на која, како што изјави, ќе работи овие 7 дена.

– Во рокот од седум дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, изјави Ковачевски.

На Ковачевски веќе се гледа како на фаворит на внатре-партиските избори за лидер на СДСМ и на најизгледна фигура за наследник на Заев на премиерската функција.

Кој е Димитар Ковачевски ?

Ако треба во неколку зборови да се опише Димитар Ковачевски , тоа би изгледало вака: Економист по вокација, со добри релации со Заев со кого биле колеги на Економскиот факултет на УКИМ за време на студирањето и своевремено соработник на Црвенковски во СДСМ. 

И, ова се цени за сосема доволен аргумент што му ја дава предноста на Ковачевски пред другите кои и да се тие, кој би придонесол за очигледно толку потребното обединување внатре во СДСМ, на кое повикуваа сите партиски функционери особено по согледувањето на резултатите по првиот круг од локалните избори. Што се однесува до партискиот живот на Ковачевски, треба да се спомене и тоа дека тој е долги години во СДСМ важи за етаблиран член на партијата со долгогодишно членство во ИО.

Но, предноста Ковачевски ја црпи и од исклучително богатата биографија  која вклучува образование на престижни факултети надвор од државата меѓу кои на Харвард и од работното искуство на директор во два телекомуникациски оператори.

Образование и едукација

Средното образование го започнува во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, а го завршува во гимназијата „Вотервил Елизиан“ Мористаун во Минесота, САД. Во 1998 година дипломира на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Економски Факултет. Магистерските студии по економија, Ковачевски ги завршува во Скопје, а докторските исто така по економија , ги завршува во Црна Гора на државниот Универзитет во 2008 година , по што се стекнува со титулата доктор на економски науки.

Универзитетот Харвард во неговата биографија е вклучен поради  усовршувањето на Школата за Бизнис. На Техничкиот Универзитет во Минхен, Ковачевски го апсолвира Европскиот претприемнички колоквиум.  Во Ротердам, Холандија го посетува Школото за Менаџмент при Еразмус  Универзитетот како и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија.

Во реалниот сектор, Ковачевски искуството почнал да го стекнува во Македонски Телеком на позицијата директор на управување со маркетинг и продажба, на маркетинг комуникации и на резиденцијална продажба, по што станува извршен директор на Оне Вип Македонија, дел од Телеком Австрија Групацијата.

Димитар Ковачевски е роден 1974 година во Куманово, е доктор на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Тој е предавач на додипломските, последипломските и докторските студии и автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции, се наведува во неговата официјална биографија на сајтот на Министерството за финансии.

Зборува течно англиски јазик, се служи со германски јазик и користи низа интегрирани информациони системи.

Во 2020 година беше дел од Економскиот Советот на Владата на Република Северна Македонија за справување со економски последици предизвикани од пандемијата од вирусот COVID-19

Димитар Ковачевски е син на поранешниот градоначалник на Куманово, Слободан Ковачевски, кој беше и македонски амбасадор во Црна Гора.

Откако во петокот владејачкиот Социјалдемократски сојуз ја утврди оставката на претседателот на партијата Зоран Заев, почна постапката за кандидирање за претседател на партијата и беа распишани внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање, што ќе се одржат на 12 декември.

(М.Т.)

Ковачевски Фаворит за иден премиер фаворит за лидер на СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.