Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Добро што не се сетивте да поднесете интерпелација и на ЕК!

0
By Нова ТВ on February 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, на денешната седница на Собранието на која се разгледува интерпелацијата поднесена за него од ВМРО-ДПМНЕ, го нарече панаѓур на некомпетентност канењето да учествува на расправа за спорот со Бугарија на Комисијата за надворешни работи.

Претседателот на Комисијата очигледно не беше способен да испрати навремена покана и да обезбеди елементарни услови за нејзинта работа, така што не е случајно што место да бидам маскота на таа расправа, да изберам да работам за државните интереси, порача Димитров.

Тој нагласи дека на првите две интерпелации им пристапил со должна одговорност, но не и за оваа. „Што очекувавте, да прифатам преговори по секоја цена? – праша тој околу обвинувањата за преговорите со Бугарија и за , како што го нарекоа од ВМРО-ДПМНЕ, фијаското за евроинтеграцијата, порачувајќи дека е добро што не се сетиле интерпелација да поднесат и на Европската комисија.

-Мене ме обвинувате што соседна Бугарија го прекрши Членот 2 од Договорот за пријателство каде што се обврза да ни помага во евтоинтеграцијата, а не да не блокира? Ние ги земаме жешките костени во раце, вие се радувате на секоја изгореница. Моја работа е да ги водам преговорите во најдобар интерес за нашата земја. Јас не сум виновен ако другата земја не ги почитува договорите, реагираше Димитров на обвинувањата.

Тој и порача на главната опозициска партија дека е во заблуда ако верува дека со сопки и саботажи ќе добијат клучни политички поени. Според негова оценка, ВМРО-ДПМНЕ всушност бара излез од нивниот внатрепартиски хаос со рушење на оваа држава.

-Едвај чекате лоши вести. За одлуките на трети држави виновна според вас е македонската влада, ако случајно има добра вест, вие сте заслужни, рече Димитров потсетувајќи на негирањата од Чешка и од Словачка за тврдењата дека ставија вето на ветото на Бугарија поради лобирањата на нивната партија.

-Се однесувате како демантите на земјите членки да ви се ордени, а не документиран резил. Вие сте лажни патриоти кои за да дојдат на власт застапуваат антимакедонски ставови, како и на тие во Бугарија и претходно во Грција кои бараа моја смена. Како тоа јас ги предадов македонските државни интереси, а Бугарија вели јас сум еден од главните проблеми што нема договор?- запраша Димитров.

Како трета небулоза тој го оцени тврдењето на опозицијата за пасивност на еговата институција СЕП. Според Димитров, за да даваат вакви оценки треба да имаат барем базични знаења што треба да работи СЕП.

-Кажете еден проект што требало да го спроведе СЕП, а не го спровело? – додаде тој.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, образложувајќи ги причините за интерпелацијата истакна дека очекува таа да биде прифатена поради, како што рече, тоталното фијаско со европските интеграции на државата што е целосно спротивно на ветувањата на владејачкото мнозинство.

-Ова владејачко мнозинство како ветување број 1 имаше почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа што на почетокот на февруари 2021 дебатираме тука во Собранието во услови кога Македонија воопшто не почнала преговори за членство и крајно е неизвесно не само кога и дали воопшто ќе ги почне е најголемо фијаско што можеше да и се случи на оваа Влада, рече Николовски, дополнувајќи дека за ваквата состојба најодговорни се Димитров и претседателот на Владата.

извор: независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.