Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Го вративме македонскиот јазик што вие го изгубивте во 2006-та

0
By Нова ТВ on February 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 55 гласа „против“ и 53 гласа „за“ во Собранието не помина интерпелацијата за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Барањето за интерпелација отвори жестока политичка дебата во Собранието.

Односите со Бугарија, недобивањето на датум за старт на преговорите на земјата со ЕУ за кој неколкупати уверуваше владата беа главни аргументи со кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ го бранеше барањето за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања. Речиси во текот на целиот ден реториката во законодавниот дом зачинета со дипломатските прашања кои според опозицијата – власта не успеала да ги реши.

Димитров пак ги бранеше позициите порачувајќи дека власта достоинствено ги издржала сите нанесени рани кои како што рече – опозицијата ги ставала на контото на партиски поени, додавајќи дека идентитетот и јазикот во ниту еден случај не биле доведени во прашање.

Првиот човек надлежен за евроинтегративните процеси на земјата посочи дека недобивањето на датум за преговори во октомври или во јуни 2019 година нема никаква причинско-последична врска со реформската кондиција кај нас дома. Тој како што рече, лично францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел кажале дека прашањето е поврзано со внатрешната дебата во Франција во однос на реформите во рамките на Европската Унија.

-Во огромен дел, во интерес на јавноста ова сакам да го потенцирам, има за замена на тези и спинови. Суштински, кога правите конфузија меѓу мојата дипломатска кариера и мојата политичка кариера, ја замајувате јавноста. Јас не сум бил член на било која од Владите на Груевски. Јас сум во МНР од 1 август 1996 година, примен како прв на голем конкурс, првенец на Правниот факултет. Имав пауза, магистрирав меѓународно право во Кембриџ. Имав една авантура 2000та година неколку месеци, кога многу притискав да ги ревоспоставиме дипломатските односи со Кина, тврдејќи дека Тајван авантурата е голема грешка. Таа беше мојата два-тримесечна политичка авантура во 2000та.

-Јас сега, во претходната влада влегов како активист, сега бев на избори, имав кампања и имам апсолутно политички легитимитет да бидам пред вас и да зборувам овде. И вие сте избрани и јас бев избран, само што отидов во извршната власт повторно врзана со мојата една те иста мисија од 1 август 1996 до 3 февруари 2021 година – таа мисија е македонската кауза. Јас не сум бил член и уште не сум на ниту една политичка партија. Мене македонската кауза ми е животен повик.

-Ајде сега да видиме таа кауза каде беше претходно, со сите грешки и слепила направени од слепила, дали зла намера не сакам да верувам, каде е денеска… Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации, државјанството ни беше на ФИРОМ… Денес сме Северна Македонија и на Република Северна Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија за која немаме спорови е во северниот дел на регионот, поширок регион Македонија, заедно со други држави… Македонскиот јазик си е во нашата лична карта и ја заокруживме државноста и членството во Обединетите Нации. Влеговме во НАТО! 2014, 2015, 2016 година престанаа да зборуваа за нас по ходниците на НАТО… И бидејќи има обезбедување околу седиштето во Брисел, не можевме ни од прозор да видиме што се случува и како се случува внатре, меѓу другото тешки ни беа цокулите на античките војници за да можеме да ѕирнеме… Тоа нема врска со македонската кауза. А македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година е вратен лани во нацрт-преговарачката рамка и ние како Македонци што зборуваат македонски јазик ќе успееме и со европската интеграција бидејќи знаеме како, покажавме, изјави Димитров пред пратениците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.