Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Крајно време е за одлучен исчекор кон заедничка европска иднина

0
By Biljana on May 22, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Крајно време е за одлучен исчекор кон заедничка европска иднина и обновување на европската визија во регионот, имајќи предвид дека се соочуваме со знаци на бледнеење на европската идеја. Тоа на Балканот може да резултира со актуелизирање на одредени идеи кои се сѐ само не европски. Испорачувањето на ЕУ кон Северна Македонија ќе претставува потврда на посветеноста на европската перспектива на регионот, но и почитување на сопствените одлуки и афирмирање на европските вредности“. Ова го истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров кој денеска се сретна со министрите за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, на Чешка, Јакуб Кулханек и на Словенија, Анже Логар, во рамките на нивната заедничка посета на Северна Македонија и Албанија.

„Со пријатели кои зборуваат искрено, добронамерно и во еден глас, би можеле да дојдеме до европски успех на Балканот, толку потребен за сите“, заклучи Димитров.

Посетата, како што соопштија од СЕП, се случува во пресрет на јунскиот самит, во контекст на засилениот ангажман за официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, како стратешки императив за регионот во целина и тест за сериозноста на ЕУ во однос на спроведувањето на одлуките за европската иднина на регионот.

Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словенија ги потврдија своите ставови и официјалните позиции во насока на неодложно валидирање на постигнувањата на Северна Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ, преку цврстата посветеност на спроведување на реформите кои значат вистинско приближување кон европските стандарди, но и лидерството за надминување на тешките прашања.

ЕУ Никола Димитров СЕП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.