Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Политиката не може да се меша во учебниците по историја

0
By Нова ТВ on November 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политиката не може да се меша во тоа како се напишани нашите учебници по историја. За жал, политиката се меша во извесна мера во последниве години во нашите учебници по историја. Мислам дека историјата мора да се остави на историчарите и зошто ние да се плашиме ако Грција не се плаши да се отворат нивните учебници, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва во интервју за ТВ Канал 5.

Според шефот на македонската дипломатија, недовербата, тензијата и пречките се надминуваат со разговор.

– Ако сакаме да бидеме членка на НАТО и дел од европската фамилија не можеме со клоцање да влеземе да го поминеме тој праг, мора со зборување. И ако можеа после големи војни, жртви, Франција и Германија да воспостават таква соработка и комисии, Германија и Полска, зошто ние не можеме како што се преговара за историјата. Од каде тој страв да ги отвориме и да видиме. Треба да разговараме отворено за овие работи, рече Димитров.

На прашање дали Грција навлегува во идентитетските прашања, тој одговори дека требало „многу поодамна да почнеме да работиме – и со грчката политика и со грчката нација и нивната јавност“.

– И да објаснуваме дека не може на Балканот, каде што дел се Грци, имаме Бугари, имаме Албанци, имаме Срби, што сме ние тука, ако не сме Македонци. И не може друг да кажува и да одлучува што сме и како сме, ама тоа мора да се прави преку градење доверба и преку разговор, рече Димитров.

Треба да бидеме внимателни, додаде министерот, бидејќи нашата позиција беше драстично урната со врзување на идентитетот на полето на антиката. – Според мене, тоа беше многу крупна грешка и суштински – и кон дома и кон надвор, додаде Димитров.

интервју Канал 5 Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.