Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Сега е време Европа да го исполни ветувањето за Северна Македонија

0
By Нова ТВ on May 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сега е време, сега е време Европа да го исполни ветувањето од март за почеток на европскиот процес за Северна Македонија и Албанија, порача вицепремиерот Никола Димитров од Делфи економскиот форум во Атина, говорејќи на панел дискусија заедно со неговиот кипарски колега Никос Христодулидис и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.

Потпретседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања, објасни дека при секоја негова посета на Атина, учи по еден грчки збор, а по зборовите „пријателство”, „договор”, „спокој”, „визија”, денеска, на дебатата за почеток на европскиот процес, спомена нов збор – „сега”, паралелно упатувајќи порака дека време е за исполнување на ветувањата.

– Мислам дека ние сме една од највпечатливите саги, кога станува збор за европската интеграција. Бебе родено во Скопје ќе имаше 20 години, ако беше родено на денот кога ја потпишавме Спогодбата за асоцијација и стабилизација со Европската Унија. Изгубивме генерации и многу години, ги тргнавме блокадите, Комисијата континуирано вели дека сме подготвени да ги почнеме пристапните разговори, а еден начин како да му помогнеме на нашиот случај, јас патував во многу европски главни градови, е да објасниме зошто ова е во интерес и на земјите-членки и на институциите во Брисел – порача вицепремиерот.

Димитров истакна дека влогот на Унијата треба да биде јасен дека „нашиот успех ќе биде успех за сите, за ЕУ, ќе биде успех за регионот за Западен Балкан и ќе биде успех за сите наши соседи, за Грција, а исто така и за Бугарија”.

– Мислам дека она што се случува со нас дали Европа ќе го одржи ветувањето, ќе биде порака за останатите во регионот – истакна Димитров.

Објасни дека Северна Македонија е дел од регион што географски е европски и сме опкружени со земји членки на Европската Унија, се граничиме со ЕУ, а „економски ја делиме европската судбина”.

На панел дискусијата, шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис изразија силна поддршка за Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Варвициотис потенцираше дека тие се против одвојување на Северна Македонија и Албанија , а ЕУ треба да ги исполни ветувањата, додека пак Христодулидис изрази надеж дека наскоро ќе има добри вести за нашата земја.

Панел дискусијата беше на тема „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок”, а Димитров истакна дека е особено важно регионалното опкружување, но и дека „колку повеќе пријатели имаш толку стануваш посилен”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.