Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: Како за земјотресите, така и за пожарите Владата е пасивна

1
By Нова ТВ on August 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска ја обвини Владата дека се однесувала незаинтересирано по серијата пожари кои настанаа низ територијата на цела Македонија, и рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе достават информација до Собранието со барање за итна седница поврзана со состојбата со пожарите.

– Очигледно е дека нема никаква активност, дека има целосна незаинтересираност, пасивност и слаба рекција од страна на државните органи посебно од Владата. Има неодговорно и неспособно однесување. Имаат донесено некакви заклучоци но нема никаква реализација на заклучоците и нема присуство на терен. Нема чувство спрема потребите на граѓаните и барањата на граѓаните, обвини Димовски.

Според него посебен и исклучително значаен како пример е пожарот во село Требовље во Поречието кој што според информации на ВМРО-ДПМНЕ, две недели откако се појавил пожарот, немало никаква реакција од страна на државата. Значи две недели некој свесно го оставил тој пожар да гори без да превземе никакви активности.

– Имаме некаква одредена информација која што ја разгледувала Владата на Република Македонија и не знаеме дали е за смеење или е за плачење. Во информацијата кажуваат дека во некои пожари интервенирал еден пожарникар, на друг пожар интервенирале три пожарникари, на трет пожар се активирале двајца пожарникари значи никаква реална активност која што требало да биде превземена. Очигледна спротивност на тоа што граѓаните беа навикнати до пред една година кога во вакви ситуации имаше брза активност и имаше целосно присуство на терен на институции и владини, рече Димовски.

Димовски исто така ја обвини Владата предводена од СДСМ дека не била заинтересирана ниту за земјотресите во Охридскиот регион, односно дека властите биле пасивни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.