Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: СДСМ да не го кочи Договорот и да ја прифати методологијата на ДИК

0
By Влатко Чаловски on February 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Илија Димовски денеска ја повика опозициската СДСМ уште денес да ја прифати методологијата за прочистување на Избирачкиот список.

– Помина уште еден ден во кој СДСМ не презема никакви активности за да се прочисти тој Избирачки список. Како што потенциравме пред неколку дена, ДИК минатата недела усвои методологија. За оваа методологија гласаа членовите на ДИК, дури и оние кои се таму по предлог на СДСМ. За сите политички партии оваа методологија и суштински и формално е прифатлива, но СДСМ упорно ја кочи иплементацијата со недавање на свое позитивно мислење, изјави Димовски.

Тој вели дека СДСМ спроведува статегијата на проблеми и хаос секаде каде што можат и секаде каде што нема и ја обвини опозициската партија дека сака да ја продолжи политичката криза и агонија во Република Македонија.

– Би потенцирал дека целиот аспект на спроведување на избори, во контекст на улогата, правата и обврските на медиумите и политичките партии е веќе прецизно регулирана со новиот Изборен закон за кој во Собранието на Република Македонија гласаа сите четири големи партии, вклучително и СДСМ. Во овој закон беа инкорпорирани огромен број на барања и предлози на СДСМ, рече Димовски кој дополни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати било кој закон за медиуми од државите во ЕУ без никакви интервенции во него.

Прифаќањето на методологијата за Избирачкиот список, СДСМ неодамна преку својот потпретседател и учесник во работните групи на партиите, Дамјан Манчевски ја услови, со тоа што во име на партијата тој рече дека ќе отстапат од сите свои забелешки доколку ВМРО-ДПМНЕ го прифати предлогот за медиумската реформа на белгискиот посредник Питер Ванхауте.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.