Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорката на Кожна клиника е заразена со коронавирус – се затвора целиот оддел

0
By Нова ТВ on March 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 9, 2020 12:03

Директорката на Клиниката за кожни болести прво ќе се лекува, а потоа ќе се размислува за санкции кон неа зашто не ги почитувала мерките и една недела доаѓала болна на работа. Во саботата, таа држела симпозиум пред 100 ина лекари

Директорката на Клиниката за кожни болести е заболена од коронавирус, информира министерот Венко Филипче. Таа не ги почитувала мерките мерките по враќање од Италија и продолжила да оди на работа. Доцна синоќа и бил дијагностициран коронавирус.  Денеска се затвора целата клиника за кожни болести, лекарите и медицинскиот персонал се стават во домашна изолација, а пациентите кои биле хоспитализирани се праќаат дома.

„Со огромно разочоравување заради непочитување на мерките, морам да соопштам дека жената која е заболена од коронавирус е наша колешка, лекар, таа е директорка е Клиника за кожни болести. Во моментот таа е на лекување, ја хоспитализираат а потоа ќе се размислува за мерки за санкција. Со големо внимание пристапуваме кон мерките на кожна Клиника, се прави проценка на ризик , можно е одделот да биде целосно затворен, персоналот ќе бидат испратени на домашна самоизолација. Пациентите кои се таму ќе бидат пуштени дома.  Сите нејзини колеги и колешки ќе одат во изолација, морам да кажам дека сум максимално разочаран.“, изјави Филипче, алудирајќи на тоа дека таа прво ќе се лекува, а потоа ќе се размислува за санкции.

Тој нагласи дека нејзината состојба е стабилна и има лесна клиничка слика. Докторката, немала ден за преглед во амбуланта, а ги навела сите други контакти во семејството и пријателите и за сите нив ќе се донесе соодветна одлука, дали ќе бидат во изолација и со надзор.

„Ќе бидат преземни мерки за сите кои го загрозиле јавното здравје. Сите мерки кои ги предложи Владата, за масовни собири со гости од странство, самоизолација, треба да се почитуваат,  секаде каде ќе видиме прекршување ќе преземеме мерки. Не можеме да ги затвориме границите, невозможно е ,и сите препораки се за сомаизолација. Секој кој доаѓа од ризичен регион и да нема симптоми мора да остане во автоизолација. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје. “, рече Филипче и се заблагодари на медиумите за коректното известување.

Според информации до кои дојде НОВА, директорката цела недела имала симптоми, а во саботата на 7 март држела симпозиум пред 100 тина лекари, во еден познат скопски ресторан. Од Италија се вратила пред 10 дена и не ги почитувала мерките. Наводно,  вработените од клиниката ја пријавиле во Министерството за здравство.

Министерот апелира за смиреност, нагласи дека се во контакт со СЗО и во моментот нема поголем проиритет во државата од состојбата со коронавирусот. за што рече дека транспарентно ќе ја информираат јавноста и понатму. тој рече дека првата пациентка која беше хоспитализирана со корона вирус целосно стабилизирана и денес или утре ќе и биде направен контролен тест. Утре завршува 14 дневниот карантин на сопатниците од комбето кои биле со неа,  ќе се направи интервју и клинички преглед за да се види дали ќе продолжи надзорот.

Филипче рече дека очекуваат одговор од Стопанската комора, дали и кои агенции имале патувања во Италија.

„Испративме барање до Стопанска комора, доколку имало кои се тие агенции кои биле таму. Првичните информации се дека немало тури за Италија, но официјална потврда очекуваме во следните часови“, рече Филипче.

Во државата буднос е следат новите мерки кои ги презема Италија, од вчера. Таму е прогласена  е црвена зона во 14 провинции во Ломбардија, а сите мерки за карактин важат за сите што се затекнати таму, а Визер ги укина сите летови во северна Италија.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

ВЕСТИ May 14, 2026

 Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче:

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.