Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот и неколку вработени од Неврохирургија заразени со морбили

0
By Нова ТВ on May 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 3, 2019 16:03

На Клиниката за неврохирургија од  морбили се заразиле неколку вработени меѓу кои директорот. Поради сериозноста на болеста тој во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Дознаваме дека денеска бил вакциниран медицинскиот персонал бидејќи малите сипаници се шират бргу. Директорот Владимир Рендевски за НОВА ја потврди информацијата.

„Веќе неколку дена сум на Клиниката за инфективни болести заради морбили и дури денес сум малку подобро. Не знам од кого е пренесена болеста. Кај нас на Клиниката доаѓаат пациенти од цела држава, но амбулантските случаи се најголем проблем бидејќи доаѓаат пациенти од цела држава и има голема фрекфенција.  Денеска персоналот се вакцинираше за да се заштитат од морбили“, изјави Рендевски, за НОВА.

На Клиниката за неврохирургија се лекуваат оперирани пациенти за кои малите сипаници можат да бидат фатални.

Дека морбилите се шират со голема брзина и во здравствените установи меѓу персоналот, НОВА објави пред две недели кога на Клиниката за неврологија се заразија докторка и болничарка, а на останатиот персонал им беше земена крв за анализа за да се утврдат антителата во крвта, за да се вакцинираат тие што ги немаат.

Од Институтот за јавно здравје, тогаш потврдија дека во епидемијата со мали сипаници регистрирани се вкупно 122 случаи кај медицинскиот персонал во здравствени институции.

И покрај  епидемијата, односно вонредната состојба во државата забрана за масовни собири нема иако тоа е пропишано со законската регулатива. Надвор од контрола се собирите и митинзите,како игротеките кои се претворија во градинки каде родителите ги оставаат децата и тоа главно невакцинирани, на по неколку часа.

Морбилите одземаа уште еден детски живот. Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници.

Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано.

Морбилите не стивнуваат. Само во изминатата недела биле пријавени 113 сомнителни случаи од кои кај 110 се регистрирани мали сипаници. Од нив, 46 се во Скопје, а 64 се од другите градови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.