Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во официјална посета на Романија

0
By Ivana on June 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на официјалната посета на Министерството за внатрешни работи на Романија, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, оствари работна средба со државниот секретар – шеф на романската полиција, Богдан Деспеску. На средбата, меѓу другото, државниот секретар Деспеску изрази задоволство од досегашната соработка меѓу полициите на двете земји, која во последниов период бележи развојна линија.

Исто така, директорот Тасевски оствари работен состанок и со генералниот инспектор на романската жандармерија, Алин Јонел Мастан, на кој фокусот беше ставен на унапредување на заедничката соработка меѓу полициите од двете земји, особено во делот на отворање можности за заеднички тренинг и обука на полициските службеници. На крајот од работниот дел, двете страни уште еднаш се согласија дека заедничката соработката меѓу двете министерства е на високо ниво и претставува вистински пример како во пракса треба да соработуваат пријателски полициски служби, за што потврда претставува и соработката за ова Европско првенство во фудбал, каде што полициски службеници на двете министерства заеднички работат на терен.

По завршувањето на официјалните средби, директорот Тасевски се сретна и со македонскиот полициски тим, лоциран и ангажиран во Букурешт заради одржување на безбедността на ЕУРО 2020. Во текот на средбата, нашите полициски службеници го запознаа директорот Тасевски со мерките и активностите кои ги преземаат на терен и за тоа како се одвивива соработката со полициски тимови на другите земји, при што што ваквиот начин на меѓународна полициска соработка ја оценија како позитивна пракса.

При посетата на Букурешт, директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски го посети и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК, при што оствари работна средба со генералниот директор на СЕЛЕК, Снежана Малеева. Во оваа прилика Малеева го информираше директорот Тасевски за активностите кои ги презема СЕЛЕК во своето работење, при што упати особена благодарност за поддршката и позитивната улога која ја има Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во работењето на СЕЛЕК, како на стратешко, така и на оперативно ниво.

На крајот на својата работната посета на Романија директорот Тасевски и главниот инспектор на романската жандармерија Мастан заеднички ќе го проследат фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и на Австрија.

посета Романија Сашо Тасевески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.