Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дишеме отров: На сила мерки и препораки, распустот продолжен

0
By Нова ТВ on January 21, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжен зимски распуст за сите ученици во Македонија за два дена, бесплатен јавен превоз за граѓаните во Скопје и уште неколку други итни мерки и препораки донесоа Владата и Град Скопје откако Скопје викендов неславно се најде прв на листата по аерозагадување во светот, а енормно количество на ПМ10 честички регистрираа и мерните станици во Битола, Тетово и Струмица.

Во 1 часот по полноќ во саботата индексот на загадување во Скопје бил 430 според мерењата на Специјализираната интернет-страница за следење на воздухот „Ер вижуал“. По него биле градови од Индија, Пакистан и Бангладеш, а на петтото место – Приштина.

Владата и Град Скопје ги активираа мерките и препораките кои законски важат и стапуваат во сила кога два дена по ред е надминат  прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри т.е. надминување на вредноста од 188 микрограми на кубен метар.

Ако нема нова одлука, второто полугодие од учебната 2018/2019 ќе почне в среда. На работодавците, пак, им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. За лицата кои работат на отворено, работното време треба да биде од 11 до 17 часот.

Град Скопје апелираше да се користи јавниот превоз за што донесе одлука тој да биде бесплатен во главниот град додека трае енормното загадување. Од вчера и цените на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг се двојно зголемени,  а донесена е и одлука за  прекинување и градежните активности на градилиштата под наглежност на  Град Скопје.

Државните институции и јавните претпријатија треба да ја намалат до 50 проценти употребата на службени  возила. Државниот инспекторат за животна средина е задолжен да спроведува контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух, со препорака инсталациите со А – ИСКЗ дозвола да го намалат капацитетот на производство до 50 прценти. Оваа мерка нема да важи за инсталациите кои произведуваат топлинска или електрична енергија.

Од Министерството за внатрешни работи, пак, Град Скопје побара зачестено да ги контролира издувните гасови на возилата и да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување стоки издадени од Градот Скопје. Од МВР се бара и да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чија крајна дестинација  не е Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница.

Граѓаните шетаат со заштитни маски, се жалат на сипмтоми од отровниот воздух  и се прашуваат дали се (само) греењето во домаќинствата и сообраќајот причина или загадувањето се должи на некои „скриени“ фактори.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го нарече „еколошка катастрофа еднаква на геноцид“ и обвини дека мерките на Владата не се долгорочни и ефикасни, туку  „само набрзина гасење на пожарот“.

-Сведоци сме само на една мерка за која постои огромен сомнеж, а тоа е дека по секое енормно зголемување на загаденоста се расипуваат мерните станици и се гасат мерните станици низ градовите и оние места каде што ќе се покаже енормно загадување, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај препораките за користење на јавниот превоз, избегнување престој на  отворено, да не се горат штетни материјали и да се чистат оџаците, Град Скопје соопшти и дека во изминатиот месец обезбедил 572 прочистувачи на воздух за секоја училница во 23-те средни училишта под негова надлежност, за што се вложени околу 11 милиони денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.