Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дизелот поевтинува за денар и половина, бензините со иста цена

0
By НОВА ТВ Balaban on September 20, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со денешната одлука, РКЕ ги зголемува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 отсто во однос на Одлуката од 13 септември 2021 година.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар за литар во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13 септември 2021.

РКЕ соопшти дека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар за килограм и сега ќе изнесува 39,181 денари.

Со денешната одлука, РКЕ ги зголемува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 отсто во однос на Одлуката од 13 септември 2021 година.

– Кај крајната цена на дизелот има намалување како последица на анулирање на дополнителната акциза за дизелот од 2 на 0 денари за литар. Во првите две недели од месецот, заклучно со 15 септември, регистриран е раст на берзанската цена на дизелската фракција која служи како основа за пресметка на малопродажната цена на дизелот. Растот на берзата е поголем од 600 USD/ton, со што се исполнува условот да не се пресметува дополнителната акциза кај дизел горивото. Ние ги доставивме овие податоци до Министерството за финансии и Царинската управа, што всушност ни е законска обврска двапати во месецот да ги информираме за движење на берзанските цени на нафтените деривати за да знаат дали се пресметува дополнителната акциза или не, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Од 21 септември 2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС – 95 – 73 денари за литар, моторен бензин Еуросупер БС -98 – 75 денари за литар, дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 62 денари/литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) –  64 денари за литар и мазут М-1 НС ќе изнесува 39,181 денари за килограм.

РКЕ во соопштението посочува дека во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 1,160 процент, дизелот зголемување за 3,228 проценти, кај екстра лесното масло за 3,131 отсто и кај мазутот има зголемување за 1,992 отсто.Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,586 отсто. 

Дизелот РКЕ се намалува цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.