Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за три денари и литар ќе чини 101,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница.
Поскапување ќе има и кај бензините за 0,5 денари за литар. Па, така, Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денара.