Слика со авторката Џејн Остин ќе биде ставена на банкнота од 10 фунти, Банката на Англија вели, со што се избегнува долгорочното отсуство на жените претставени на банкнотите.
Авторката на делото “Гордост и предрасуди” ќе биде следното лице на парата, заменувајќи го Чарлс Дарвин, најверојатно во 2017 година.
Канцеларот Џорџ Озборн на Твитер напиша дека потегот покажал “разум и сензибилитет”, делејќи ја веста со целиот свет, но и сопствениот хумор, невообичаен за првиот банкар на една земја.