Во седиштето на ВМРО ДПМНЕ вечерва (вторник) околу 19 часот пристигна американскиот амбасадор Џес Бејли. Не е познато со кого ќе се сретне, а не се знае ниту дали европратениците биле примени од некого во владејачката партија.
Пред седиштето повеќе часови има само новинарски екипи, но нема никаква раздвиженост. Свети само еден прозорец, а до пристигнувањето на Бејли никој ниту влезе ниту излезе.
Александар Бичиклиски од ВМРО ДПМНЕ во неформален разговор со новинарите рече дека „во зградата е цела партија“, но не кажа со кого се среќава Бејли и дали претседателот Никола Груевски е таму.