Џихадистите на Исламската држава се потиснати во сирискиот град Кобани од воздушните напади на САД во неколку делови од градот, и курдските борци од источната и југоисточната страна.
Според претставник на Курдите, изминатите неколку дена Меѓународната коалиција се бори поефикасно со ИСИЛ.
Според последните проценки, сега Исламската држава контролира само 20 отсто од градот. Курдските борци бараат поголема воена помош од Меѓународната коалиција.
Неодамна Пентагон соопшти дека неколку стотина џихадисти се убиени од американските воздушни напади во Кобани и околината, но предупреди дека Исламската држава е сеуште сериозна закана за градот.