Борците на Исламската Држава се речиси навлезени во стратешки најважниот сириски град Кобани во близина на границата со Турција, јавуваат странските медиуми.
Предводникот на курдската Народна единица за заштита Алан Минбиц вели ИСИС го контролира југозападниот дел на градот познат како Ајн Ал-Арап, пренесува Си-Ен-Ен.
Во последниве денови, илјадници цивили побегнале од претежно курдскиот град во северниот дел на Сирија, во обид да избегаат од џихадистите.
Сунитската екстремистичка група тргнала во конечно освојување на Кобани, кој се наоѓа на границата со Турција, еден ден откако турскиот Парламент одобри испраќање војска против Исламската држава.
Борбите на границата со Турција се интензивираа во последните неколку дена, а на останатите цивили им е наредено да се евакуираат и да се повлечат кон границата.
Во меѓувреме курдските борци најавија подготвеност за бескомпромисна борба со џихадисти.
Курдските војници во моментов користат снајперисти за да ги спречат борците на Исламската држава да напредуваат кон центарот на градот.
Турскиот претседател пак Речеп Таип Ердоган денеска се закани со одмазда доколку џихадистите на Исламската држава ја нападнат гробницата на отоманските достоинственици во Сирија.
„Нема да размислуваме да одговориме доколку таму се случи нешто. Четириесет наши војници се стационирани во таа зона која е турска територија. Доколку некој ги допре влакната на главите на нашите војници, Турција со својата војска ќе направи се што е потребно и од тој момент се ќе се промени“, предупреди Ердоган.