Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џон Кери во Атлантскиот совет: САД и сојузниците секогаш ќе стојат зад Украина

0
By Нова ТВ on April 30, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот државен секретар Џон Кери на излагањето во Атлантскиот совет на дводневната конференција „Кон цела и слободна Европа“ оцени дека проширувањето на НАТО значи поголема безбедност, демократија и просперитет.

Кери истакна дека НАТО има сторено во промовирање на мирот и безбедноста повеќе од која и да е друга партнерска организација. За американскиот шеф на дипломатијата, состојбата на теренот во Украина е отрезнувачки повик. Тој кажа дека Русија сака да ја смени геополитичката слика во источна Украина, објавува Гласот на Америка на македонски јазик.

Нашата сила е во единството и сите треба да се обединиме против оној кој сака да промени суверени граници. На Кремљ треба да му се прати порака дека секоја педа од територијата на НАТО е недопирлива, потенцираше првиот човек на американската дипломатија.

Од говорницата на Атлантскиот совет, Кери рече дека мора да има последици за однесувањето на руската влада и дека по средбата во Женева Москва е директно виновна за зголемување на напнатоста. Тој смета дека е време НАТО-сојузниците да преземат поголема улога во заедничкиот одбранбен буџет.

Претходно, извршиот потпретседател на Атлантскиот совет Дејмон Вилсон изјави дека оваа година е важен јубилеј за трансатлантската заедница – одбележува 25 години од падот на Берлинскиот ѕид; 15 години од првото проширување на НАТО по завршувањето на Студената војна, како и 10 години од најголемо проширување на ЕУ и на НАТО.

Според него, целта на оваа дискусија е навраќање на транформацијата на Европа при вакви историски одлуки, да се поттикне дебата за значењето на членството во НАТО и ЕУ што ќе го позиционира регионот во иднина, но и да се посвети внимание на останатите предизвици со кои се соочува Европа на патот кон конечното обединување.

Директорот на Гласот на Америка Дејвид Енсор ја водеше дебатата „Повторно живеење на историјата: европската приказна“ што се наврати на настаните од Втората светска војна, Студената војна, и фомирањето независните држави од поранешниот Советски Сојуз.

Поранешниот министер на Чешката Република Александар Вондра направи паралела меѓу некогашната советска окупација на Чехословачка и состојбата во Украина денес, истакнувајќи дека состојбата на нејзината граница е сериозна и дека не е оптимист дека досегашните мерки на меѓународната заедница ќе ја одвратат Русија од понатамошно ескалирање на ситуацијата. И според Фредерик Кемпи, претседател и извршен директор на Атлантскиот совет, САД треба поактивно да се вклучат во намалување на напнатоста во Украина.

На тема Украина став изрази и влијателниот републикански сенатор и поранешен претседателски кандидат Џон Мекејн, кој смета дека САД мора да ја предводат меѓународната заедница во енергичен одговор на украинската криза. Слабиот одговор само ќе го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да продолжи со својот план, предупреди Мекејн.

На конференцијата ќе говори и американскиот потпретседател Џо Бајден, сенатори, редица министри од европски земји, меѓу кои и македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски, како и американски аналитичари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.