Гигантот за лекови Џонсон и Џонсон се согласи да плати повеќе од 2.2 милијарди долари за да се спогоди за обвинувањата за неговите маркетинг- техники, јавува ББЦ, повикувајќи се на изјава на Депарментот за правда.
Фирмата е обвинета дека платила стимулации за лекарите и аптеките да се промовираат три лека.
Тука се вклучуваат анти-психотични лекови Риспердал и Инвега, како и лекот за срце Натрекор.
Фирмата, исто така, наводно, промовирала лекови чие користење не е официјално дозволено.
Додека лекарите од САД може да препишуваат лекови како што им одговара, фармацевтските компании не можат да се залагаат за било каква употреба на нивните лекови кои не се одобрени од страна на Прехрамбената и Лекарската администрација (ФДА).
Тоа е трето по големина судско договарање на фирма за лекови во историјата на САД.
Ваквите спогодби подразбираат за решавање на двете граѓански и кривични обвинувања кои вклучуваат лекови, како на државно и федерално ниво во САД.