Во Дневниците на Џорџ Орвел, тој открива два неочекувани кулинарски мајстории на поминатото време со саканото семејство Сарл (Searles), кое било многу сиромашно.
Во истиот дневник, на 5 март 1936, има контемплација на 33-годишниот Орвел за родовата еднаквост во работата и домашната работа, каде тој го пишува рецептот за овошен колач на г-ѓа Сарл, нотирајќи дека е “многу добар со путер.”
3 1/3 шољи (или 1 lb) брашно.
1 јајце
4 (4 oz) лажици сируп (treacle)
120 гр. (4 oz) мешано овошје (или рибизли)
пола шоља (8 oz) шеќер.
170 грама (6 oz) маргарин или свинска маст.
Се матат шеќерот и маргаринот, се додава јајцето кое претходно се мати , додадете го сирупот, а потоа и брашното, се става во подмачкана тава и се пече околу пола до ¾ час во умерена рерна.
Орвел го пишува и рецептот за пандишпан:
10 лажици (5 oz) брашно, 125 грама (4 oz) шеќер, 85 грама (3 oz.) свинска маст (путер најдобро), 2 јајца, 1 лажиче прашок за пециво. Се меша како погоре и се пече.
Што е особено трогателно за овие рецепти е дека тие ја покажуваат едноставната прослава на животот и покрај болната ограниченост која ја носи сиромаштијата- одредени непроменливи човечки капацитети за задоволство дури и среде најголемата мака.