Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК бара кривично да се гони поранешен министер за култура

0
By Ivana on November 16, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница реши да поведе иницијатива до Јавното обвинителство за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Овој предмет до ДКСК бил доставен од Министерството за култура, а по заклучок на седница на Влада одржана а 18 мај годинава. Од Министерството за култура било побарано да се изврши контрола на работењето во делот на законската основаност на договорите и анекс договорите склучени на 27 јуни 2020 година, имајќи предвид дека тие, како што појасни членот на ДКСК Владимир Георгиев, биле склучени во постизборен период по одржани парламентарни избори во услови кога не е формирана новата Влада и во услови кога со ребаланс на буџетот на Министерството му биле намалени финансиски средства за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

– По разгледување на целокупната документација може да се констатира дека во текот на февруари 2020 година од страна на стручните комисии формирани во Министерството за култура, биле донесени решенија со кои се одобрени средства за финансирање на овие три програми во висина од околу 196 милиони денари или над 3 милиони и 100 илјади евра за 684 проекти. Имајќи предвид дека за 2020 година за сите програми биле предвидени вкупно 159 милиони денари, но и обврските што Министерството ги имало преземено во 2019 година во износ од 23 милиони денари, произлегува дека оваа институција имала на располагање само 136 милиони денари за да ги финансира овие 3 програми, појасни Георгиев.

Тој додаде дека ова значи оти уште во февруари 2020 кога биле склучени овие 684 проекти биле преземени обврски во висина од над 60 милиони денари над буџетски обезбедените средства за 2020 година.

– Но и покрај тоа знаејќи дека Министерството за култура за намената нема доволно средства, а треба да се има предвид дека и со ребалансот од 15 мај 2020 година поради рестрикциите заради КОВИД 19 буџетот на Министерството е дополнително намален одговорното лице дополнително потпишало 100 решенија, договори и анекс-договори на 24 јули 2020 година со што презело нови обврски во износ од 33 милиони денари, рече Георгиев.

Сите овие дополнителни договори склучени непосредно по завршување на изборите, како што нагласи, се однесуваат по жалби на апликанти кои или не добиле средства или добиле помалку па со нови договори или решенија добиле други средства.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, истакна дека сите овие сознанија упатуваат дека раководното лице во Министерството за култура си преземало обврски надвор од расположливите средства со Буџетот, што, како што нагласи е забрането и казниво.

Во посочениот период функцијата министер за култура ја извршуваше Хусни Исмаили.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025

Инцидент во бугарското собрание – летаа боксови и клоци

December 17, 2025
ФОКУС

Нови скандалозни измени на Кривичниот закон

ВЕСТИ December 18, 2025

Министрите и одговорните во државната управа ќе бидат ,,амнестирани” за несовесно работење во службата!?

Брисел: Оптимизам во ЕУ за финансирањето на Украина – епилогот во текот на ноќва

December 18, 2025

Атина: Грција со реакција на изјавата на Мицкоски – Името Северна Македонија е дел од Уставот

December 18, 2025

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора

December 18, 2025
ТИКЕР

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025

Инцидент во бугарското собрание – летаа боксови и клоци

December 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.