НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК: Владата треба да назначи советник за да разликува јавен и приватен интерес

0
By Нова ТВ on July 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата треба во рок од 30 дена откако ги доби препораките на ГРЕКО, да назначи лице за интегритет кое ќе ги советува премиерот, министрите и останатите вработени да носат правилни и издржани одлуки согласно законите, моралот и етиката и на начин на кој ќе го избегнат судирот на интереси и ќе ги одвојат јавниот и приватниот интерес, изјави денеска членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владимир Георгиев.

Ова лице, што ќе го назначи Владата, претходно ќе биде обучено од ДКСК, а такви лица за интегритет ќе треба да се назначат и на централно и на локално ниво во сите останати државни институции. Лицата кои ќе бидат задолжени за ова во останатите институции, најверојатно ќе бидат од редот на веќе вработените и советувањето за законско и етичко работење ќе го вршат како дополнителна работа.

– За Република Северна Македонија во последниот Извештај на ГРЕКО произлегоа 23 препораки. Една од основните и главните препораки е Владата во најскоро време да назначи лице, т.н. советник за интегритет кое во секое време ќе биде на располагање да даде етички совети, совети за интегритет, но и други совети од аспект на етичко однесување на членовите на Владата, рече Георгиев, додавајќи дека вакви лица ќе бидат назначени и во сите други државни институции, кои ќе даваат совети на директорите за извршувањето на нивните обврски со цел да го зачуваат интегритетот и да се спречи судирот на интереси.

Лицето за интегритет, додаде Георгиев, треба да исполнува одредени критериуми за да може да им доделува совети на членовите на Владата, да биде соодветно обучено и самото да биде лице со интегритет.ж

Одговарајќи на новинарско прашање, Георгиев изјави дека генералниот секретар на Владата Драги Рашковски ќе биде еден од лицата што ќе ги советува оној што е задолжен за интегритет на функционерите, додавајќи дека тоа лице ќе ги советува во Владата, вклучувајќи го и премиерот.

Во врска со Рашковски, како што беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите во ДКСК, Комисијата има отворено предмет по допрен глас од медиуми и е во фаза на прибирање податоци. ДКСК испратила барање до М-НАВ да добие увид во тендерската документација, а барање е упатено и до Владата на писмено да образложи во кое својство генералниот секретар бил вклучен во посредувањето за договарањето на тендерот.

ДКСК ќе го истражува сомнежот што се појави во јавноста дека Рашковски учествувал на тендер за набавка на опрема за радарскиот систем на М-НАВ, кој требало да го добие италијанската компанија „Леонардо“. Сомнежите и обвинувањата излегоа во јавноста по тврдењата оти постои аудио-снимка снимена во неговата канцеларија.

Случај Рашковски-Леонардо: Аудио-снимката во ОЈО, се отвораат нови непознаници

Рашковски одржа прес-конференција во врска со овој случај на која рече дека неколку години имало пречки за набавка на тој уред за што беше најавена и тужба.

Заев одби да го смени Рашковски и рече дека тој имал право да се брани.

На крајот од брифингот ДКСК упати укажување премиерот Заев во најкус можен период да определи министер за финансии. Дотогаш тој може само да го назира процесот на работата во Министерството, а работата таму ќе ја координира актуелниот заменик-министер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесет земји повикаа на признавање на Палестина, бараат прекин на огнот и го осудуваат Хамас

July 30, 2025

ЕУ ѝ одобри 835 милиони евра на Хрватска за реформи и инвестиции

July 30, 2025

Ројтерс / Ипсос: Рејтингот на Трамп падна на 40 отсто

July 30, 2025

Трамп вели дека не сака да се сретне со Си, но би можел да ја посети Кина

July 29, 2025

Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ носи стабилност, но е неурамнотежен, вели францускиот министер

July 28, 2025
ФОКУС

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

ВЕСТИ July 30, 2025

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува одлуката на неодамнешната одлука на Министерството за…

Висината на цунамито во Северо-Курилск достигна пет метри

July 30, 2025

Разорен земјотрес од 8,7 степени ја потресе Камчатка

July 30, 2025

ССМ доби репрезентативност – ќе бара од Владата зголемување на минималната плата од 500 евра

July 29, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.