Рускиот премиер Дмитри Медведев изрази сомнеж врз легитимноста на новите власти во Украина. Тој ги обвини сегашните политичари кои ги заземаа функциите за спроведување на „вооружен бунт“.
Реакцијата на Медведев доаѓа откако привремениот Министер за внатрешни работи на Украина соопшти дека е издаден налог за апсење на претседателот Виктор Јанукович, за кој моменталната локација каде што се наоѓа е сеуште непозната.
Пратениците во Украина гласаа за смена на Јанукович во саботата.
Русија, лута на губењето на својот политички сојузник, веќе го повика рускиот амбасадор за консултации.
Немирите во Украина започнаа во ноември минатата година кога Јанукович одби соработка со Европа во полза да се остане во блиска соработка со Русија.
Во меѓувреме, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Кетрин Ештон, пристигна во Киев да разговара за финансиската и политичката поддршка за новите украински лидери.